X
 17.03.2023 Култура

Гледачите пишуваат дека еден детаљ од документарецот за летот „МH370“ особено ги вознемирил

Корисниците на „Нетфликс“ што го гледаа документарецот за летот „МH370“, односно за исчезнувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година, велат дека не можат да спијат поради одредени детали во филмот.

Авионот исчезна над Индискиот Океан во 2014 година, а во него имало дури 290 луѓе. Иако мистеријата останува нерешена, публиката беше шокирана кога многу сериозно нарушување на безбедноста беше прикажано како сосема нормално во серијата.

Документарецот на „Нетфликс“ се фокусира на неколку теории, вклучително и случајна несреќа, намерно соборување на „боинг 777“ од страна на пилотот, па дури и теорија на заговор дека авионот бил соборен од владата.

Сепак, еден детаљ им го привлече вниманието на гледачите. Еден новинар тврдеше дека авионот бил киднапиран од руски шпиони и дека тоа го направиле со хакирање на електрониката. Панелот на електрониката, кој меѓу другото ги контролира сателитските комуникации на авионот, се наоѓал во близина на првата класа и до него можело лесно да се пристапи.



Гледачите во шок

Новинарот нагласи дека е многу лесно да се дојде до панелот и дека може да се прекине, на пример, кислородниот систем, а можно е да се попречи и следењето на авионот.

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура