X
 27.05.2019 Живот

Трејлерот за најспектакуларната серија за планетите ќе ве остави без здив

Добре дојдовте во најголемата приказна што никогаш не е раскажана. Вака започнува резимето за најспектакуларната серија за планетите, а чие емитување почнува утре на Би-би-си.

„Планетс“ раскажува приказна за планетите како ниедна серија досега. Со најпрецизни и најдетални фотографии, документарната серија на Би-би-си ги користи и последните научни истражувања за претставување на возбудливата историја на световите во нашиот Сончев Систем.



- Тоа се приказни за убавината и креацијата, насилството и уништувањето, кои откриваат како Сончевиот Систем и нашето место во него се многу подраматични отколку што можеме да замислиме - се наведува во описот на серијата.

Пред неколку дена е објавен и официјалниот трејлер, кој веднаш привлече големо внимание, а деновиве за серијата се зборува и на социјалните мрежи.

Епската приказна, која сѐ уште се пишува и која всушност штотуку започна, ќе се емитува од 28 мај на Би-би-си 2.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот