X
 27.08.2020 Живот

Зошто пред српското собрание беа поставени свадбени маси?

Секој што вчера поминал пред српското Народно собрание не можел да не ги забележи свечено декорираните маси пред зградата, со огромни свеќници и богато декорирани цветни аранжмани.

Сето тоа личи на класична сценографија за свадба, но и времето и местото за такво нешто се невообичаени. За што всушност станува збор?

Вака всушност изгледаше протестот на таканаречената ивент-индустрија.

- Ова е протест против ситуацијата во која се наоѓа ивент-индустријата, во која дојдовме поради забраната за работа, т.е. собирање. Со овој перформанс сакаме да ѝ испратиме порака на државата, пративме дописи до надлежните органи, основавме здружение, се надеваме дека државата ќе реагира - истакна Маријана Вујадин, претставничка на здружението „Ивент индустрија“.

Пред собранието имаше и невеста и младоженец за да се заокружи целиот перформанс.

Извор и фотографија: Noizz
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот