X
 27.11.2020 Живот

Велосипедска патека од 360 степени во Белгија - возење низ дрвја 10 метри над земјата

Со цел да се промовира одржлив туризам и да се охрабрат луѓето да излезат во природа, белгиската туристичка организација „Посети го Лимбург“ веќе подолго време работи на интересни велосипедски патеки. Нивниот прв проект наречен „Велосипедизам низ вода“ се појави во 2016 година и станува збор за патека што им овозможува на посетителите да возат низ езерцето.В
Вториот проект „Велосипедизам низ дрвја“ се појави минатата година и неодамна почна да привлекува големо внимание меѓу љубителите на природата.

1

2

„Велосипедизам низ дрвја“ е велосипедска патека дизајнирана од пејзажните архитектонски компании „Буролендшап“ и „Де Грегорио & партнерс“.

- Возењето со велосипед низ шумска средина е посебно искуство за сетилата. Оваа велосипедска патека безбедно ве носи во повисоки области. Буквално, затоа што возите околу двоен круг на висина од 10 метри помеѓу дрвјата. Можете да го видите, почувствувате и мирисате раскошот на природата - пишува „Посетете го Лимбург“ на својата веб-страница.

3

4

Не е случајно тоа што „Велосипедизам низ дрвја“ се наоѓа во Босланд. Тоа е најголемата непречена шумска област во Фландрија што ги обединува човекот и природата. Исто како „Велосипедизам низ вода“, и оваа патека нуди уникатно велосипедско искуство во хармонија со природната средина. Со отклучување на чудесниот Босланд, посетителите можат да го доживеат овој природен свет на многу посебен начин - станувате едно со шумата.

5

- Патеката постепено се издига до висина од 10 метри и е долга 700 метри, со дијаметар од 100 метри. Челичните столбови се наоѓаат во различни интервали од 1, 2 и 3 метри и ги симболизираат правите стебла на елата, осигурувајќи дека структурата убаво се вклопува во околината - објавува туристичката организација.

Нивниот трет проект, „Велосипедизам нит Хитленд“, треба да се отвори во националниот парк Хоге Кемпен на почетокот од 2021 година. Станува збор за велосипедски мост долг 293 метри што ќе стане обележје во областа.



Извор: Bored Panda
Фотографии: Toerisme Limburg / Visit Limburg
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот