X
 28.02.2023 Наука

Луѓето што се пониски и се незадоволни од својата висина имаат темни карактерни особини

Луѓето што се релативно ниски и оние што сакаат да бидат повисоки имаат повеќе особини од „темната тријада“, покажува новото истражување објавено во „Персоналити енд индивидуал диференсес“. Наодите посочуваат дека ниските индивидуи може да се вклучат во антагонистичко однесување во обид да го надоместат недостигот на нивната висина.

„Темната тријада“ се однесува на збир од три поврзани особини на личноста: психопатија, нарцизам и макијавелизам. Психопатијата се карактеризира со недостиг на емпатија и каење, импулсивност и непочитување на општествените норми. Нарцизмот се карактеризира со надуено чувство на самобитност, право и потреба за восхит. Макијавелизмот се однесува на тенденција да се биде манипулативен, циничен и без морал.

- Една од причините зошто овие особини станаа толку популарни за проучување е тврдењето дека тие би можеле да бидат адаптивни, иако социјално непожелни, решенија за постигнување статус или преживување - вели авторот на истражувањето, Питер К. Јонасон од Универзитетот во Падова и Универзитетот „Кардинал Стефан Вишински“ во Варшава.

Истражувачите ја користеле алатката „Амазон механикал турк“ за да регрутираат 367 возрасни лица од САД. Учесниците го пополниле прашалникот поврзан со „темната тријада“, стандардизирана процена на супклиничката психопатија, нарцизам и макијавелизам. Исто така, истражувачите побарале од учесниците да ја пријават нивната вистинска висина и степенот до кој се согласувале со изјавите: „Посакувам да бев повисок“ и „Задоволен сум со мојата висина“.

И вистинската висина и задоволството од висината беа негативно поврзани со особините на „темната тријада“. Со други зборови, пониските луѓе и оние што сакале да бидат повисоки имаат тенденција да покажуваат поголема психопатија, нарцизам и макијавелизам.

- Пониските луѓе, особено оние што сакаат да бидат повисоки, имаат конфронтирачки карактеристики и се заинтересирани за моќ - вели Џонасон.

Негативната корелација помеѓу висината и нарцизмот била посилна кај мажите. Но, нивоата на психопатија и макијавелизам не зависеле од полот на учесниците.

- Очекувавме овие врски да бидат посилни кај мажите со оглед на еволутивните и фројдовските размислувања, но најдовме слаби докази за диференцијација на овие корелации според полот - рече Џонасон.

Но, зошто пониските луѓе имаат тенденција да имаат потемни црти? Истражувачите велат дека овие односи може најдобро да се разберат од еволутивна рамка, што посочува дека кога луѓето не можат да бидат физички застрашувачки, тие можат да бидат психолошки застрашувачки.

Кога лицата се физички помали или послаби, тие можат да користат психолошки тактики за да го компензираат тоа. На пример, пониските мажи може да бараат почит, да стекнат ресурси и да ги импресионираат романтичните партнерки со нивните особини на личноста, додека пониските жени може да користат измама за да изгледаат попосакувани или да добијат заштита и ресурси. Овие психолошки тактики може да обезбедат предности во преживувањето и парењето и може да ги надоместат физичките недостатоци.

Извор: Psypost.org
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука