X
 28.03.2019 Живот

Roma Rock School: Нашите ученици и професори неуморно се подготвуваат за „Андерфест“

Roma Rock School е невладина организација со седиште во Скопје која го поддржува музичкото образование на талентираните Роми и деца што потекнуваат од економски ранливи семејства преку рокенрол, и се на возраст од 13 до 16 години.

Преку нивните активности, тие се фокусираат на зголемување на мултиетничката толеранција и намалување на дискриминацијата преку музика помеѓу ромските и неромските деца од цела Македонија.

Roma Rock School ќе се претстави во сабота, на 6 април, на фестивалот „Андерфест“ во „Јавна соба“ (Public Room) во Скопје. Влезот за посетителите е бесплатен.

1. Од кога постои и како дојдовте до идејата за основање на Roma Rock School?

- Идејата за Roma Rock School постоеше повеќе од 5 години само како некој иден план, а конечно се реализира и се опредмети од 31 мај 2017 година.

2. Која е вашата цел и визија?

- Roma Rock School е организација фокусирана на учениците, создавајќи средина која овозможува едукациска поддршка преку предизвикувачки и успешни искуства.

3. Колку ученици го посетуваат вашето училиште?

- На самиот почеток првиот Roma Rock School бенд броеше 7 члена, а денес имаме група од млади талентирани ентузијасти која брои 30-ина ученици.

4. Каде досега сте настапувале, односно сте имале можност да ги презентирате талентите од вашето училиште?

- Првиот концерт на Roma Rock School (по само 3 месеци вежбање) се одржа на 12.12.2017 год., а потоа настапите и јавните појавувања станаа почести. Бевме поканети како главни гости на роденденот на Радио Моф, во „Јавна соба“, бевме дел од програмата на овогодинешната Бела ноќ, Младински културен центар, потоа во рамките на проектот Music Connects организиран од Musicians Without Boarders и Fontys Rock Academy, Roma Rock School заедно со уште неколку бендови од музичкото училиште Enterprise и Mitrovica Rock School одржа завршен концерт во летниот клуб „Хавана“. Исто така, бевме поканети како музички гости од страна на германската амбасада, а бевме поканети и на коктелот на НАТО-самитот организиран од Министерството за одбрана во Музејот на современа уметност.

5. Кое е најзвучното име што било дел од вашето училиште?

- Досега сме соработувале со светски познати музички организации, како што се „Mucians without boarders“ и „Fontys Rock Academy“.

6. Во април ќе имате настап на фестивалот „Андерфест“. Како дојде до тоа и што мислите за овој тип на фестивал кој трае три дена и кој е целосно посветен на изведувачи од Македонија и дали некогаш сте настапувале на ваков фестивал?

- На наше големо задоволство, бевме поканети од организaцијата на „Underfest“ да настапуваме на овогодинешниот настан. Нашите ученици и професори неуморно вежбаат и се во исчекување на самиот настап, кој ќе се одржи на 6 април во „Јавна соба“.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот