X
 28.04.2017 Живот

Вложил 93 евра, а сега заработува 43.000 евра месечно

Џони Вард има 33 години и од неодамна се прослави со тоа што со патување низ светот заработил 2 милони евра. Започнал со патувања на кои носел сѐ во еден ранец.

џон вард


Џони поточно дал отказ поради желбата да стане блогер и да патува по светот. По 6 месеци му се јавиле огласувачите мислел дека неговите пријатели се шегуваат со него, но за среќа на крај успеал да договори соработка.

Роден во Ирска, кога бил дете неговите родители биле сиромашни и не можеле да му пружат патувања. По факултетот пари за патувања собирал со учество на медицинско тестирање на лекови. Работел и на летни американски кампови за деца со потешкотии во развојот со што до некаде го задоволил гладот за патувања.

Идејата да може добро да заработува со патување ја добил додека работел во Сиднеј, а со парите кои ги заработил платил карта во еден правец до Зимбабве. Рекламите на блогот му овозможиле да патува по светот и да заработи скоро 2 милиони евра.

„Го отворив блогот, а набрзо заработував околу 4.000 евра месечно. Отворив уште неколку блогови, вработив луѓе кои пишуваат и набрзо заработував повеќе од 40 илјади евра месечно“, тврди Џони.

Парите
ги вложил во недвижнини. Тој вели дека е многу внимателен со нив, иако не жали да троши на патувања. Веќе има одлучено да ја посети секоја земја во светот.

Сепак, признава дека не е се така лесно. Кога имал 24-25 години пријателите го придружувале на патувањата, но денес тој вели дека тие имаат хипотеки и семејства, па мора да патува сам.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот