X
 28.04.2026 Наука

Научници ја создадоа најдеталната 3Д-мапа на човечка клетка досега

Научници создадоа една од најдеталните 3Д-реконструкции на човечка клетка досега, отворајќи нови можности за разбирање на начинот на кој функционира животот на микроскопско ниво.

Станува збор за проект наречен „Клеточен пејзаж - пресек низ еукариотска клетка“, изработен од научните визуализатори Еван Ингерсол и Гејл Мекгил. Моделот комбинира податоци од рендгенска томографија, нуклеарна магнетна резонанција и криоелектронска микроскопија, со цел да се прикаже сложеноста на клетката и процесите што се одвиваат во неа.

Извор: Тwitter
Фото: Twitter/Screenshot

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука