X
 28.06.2026 Живот

Со овој уред никогаш нема да го пропуштите изгрејсонцето, а ќе се разбудите без стрес

Ако не сакате да се будите со класични гласни будилници, ниту со аларм од мобилен, „Солуме“ би можел да биде вистинската работа за вас. Станува збор за нов вид будилник кој постепено шири светлина низ вашата спална соба и го имитира изгрејсонцето. На овој начин поттикнува природно будење без голем шок.

Овој уред се потпира на научни истражувања за циркадијалниот ритам, кој ги регулира внатрешните функции на организмот, односно количината на хормоните кортизол и мелатонин. „Солуме“ ги буди корисниците постепено и на природен начин, без нагол скок на кортизолот, што инаку го предизвикуваат гласните аларми, ѕвонењето на телефонот и сличните будилници.

Уредот „Солуме“ доаѓа со далечински управувач

„Солуме“ изгледа како украсен предмет – во внатрешноста на куќиштето има морски пејзаж осветлен со топли тонови. Долниот дел е обложен со ткаенина и содржи ЛЕД-екран со часовник.

Има вграден блутут-звучник со 12 различни звуци од природата – од дожд, морски бранови до звуци на шума. Уредот доаѓа со далечински управувач, а можњ да се поврзе и со сопствени музички плејлисти или поткасти.

На располагање е и функцијата за зајдисонце за полесно заспивање, со постепено намалување на светлината во период од 45 до 90 минути.

Извор: punkofer
Фото: mysolume

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот