X
 11.07.2022 Наука

На Антарктикот растеле палми - ново откритие на научниците

Мразот и студот се првите асоцијации што ни паѓаат на ум кога ќе го спомнеме Антарктикот. Дури 90 проценти од површината на овој континент околу Јужниот Пол на Земјата се покриени со вечен мраз, поради чија тежина многу делови лежат под нивото на морето, а температурите се спуштаат до -70 Целзиусови степени во студениот дел од од годината.

Кога на тоа ќе се додаде и ветерот кој дува со брзина од 90 метри на час, не е чудно што таму нема постојани населби, освен научни и истражувачки бази.

Но, во далечното минато пејзажот на Антарктикот бил драматично поразличен. Пред околу 200 милиони години светот бил многу потопло место отколку што е денес, а Антакриктот бил покриен со густи шуми. За работите да бидат поинтересни, таму растеле дрвја слични на оние од тропските предели, вклучувајќи и некој вид плами. Но, Антарктикот тогаш, исто како и денес, бил во речиси целосен мрак во текот на зимата, додека во текот на летните месеци бил осветлен со сончева светлина по цели денови.

Патриција Рајберг, научник од Универзитетот во Канзас, го предводела тимот кој неодамна пронашол голем број фосилни остатоци од дрвја на ледениот континент.

- Прашање е како растенијата успеале да се справат со континуираната фотосинтеза во еден дел од годината, а потоа и со целосно нејзино отсуство во текот на другиот дел. Стеблата се најдобриот начин да се открие тоа бидејќи тие ги снимаат сите физиолошки промени во нивните години - рече таа.

- Повеќето од оние што ги анализиравме се слични на тропските дрвја, иако дрвјата од Антарктикот воопшто не растеа во тропски услови. Можно е, во периоди без сончева светлина, овие дрвја да доживеале еден вид хибернација - додава Рајберг.

Понатамошните истражувања би можеле да им помогнат на научниците подобро да ги разберат тековните климатски промени и нивното влијание врз животот на растенијата.

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука