X
 28.09.2023 Живот

Свекор ми и свекрва ми го разгалуваат мојот син, сѐ му дозволуваат, а велат дека јас не сум добра мајка. Што да направам?

Имам син кој ќе полни три години и бебе од четири месеци. Синот е многу проблематичен, по цел ден се молиме за јадење, пиење, спиење. Многу го разгалуваат свекор ми и свекрва ми, сѐ му дозволуваат, ако не сака да јаде, не му даваат, ако не сака да спие, го оставаат да седи до доцна во ноќта. Тие имаат многу замерки и нас нѐ обвинуваат за неговото однесување. Многу пати сум прочитала пораки кои мојата свекрва ги разменува со мојот сопруг во кои му кажува дека не сум добра мајка. Син ми не оди во градинка затоа што сакаа тие да го чуваат и мислам дека тука ја направив најголемата грешка. Не му дозволуваат да си игра со други дечиња, освен со братучетките, не знам зошто тие му ги одбираат другарчињата? Сопругот е на средина и не знае како да постапи. Ве молам за совет.

Одговорот од психологот можете да го прочитате на Деца.мк

Издвојуваме

Живот