X
 28.10.2023 Наука

Модифицирана цревна бактерија може да го намали крвниот притисок, покажува истражување

Научниците од Универзитетот во Толедо докажаа дека инженерските бактерии можат да го намалат крвниот притисок. Ова откритие отвора нови врати во потрага по искористување на сопствениот микробиом на нашето тело за лекување на хипертензијата.

Истражувањето, објавено овој месец во списанието „Фармаколоџикал рисрч“, претставува промена на парадигмата, изјави д-р Бина Џо, истражувач за хипертензија и постар автор на трудот.

- Прашањето што секогаш го поставуваме е дали можеме да ја искористиме микробиотата за да му помогнеме на нашето здравје, за кое оптималниот крвен притисок е клучен знак. Досега едноставно сметавме дека промените во микробиотата играат улога во покачениот крвен притисок или хипертензијата. Ова се важни наоди, но тие не можат веднаш да се применат. Ова е првпат да покажеме дека навистина можеме да го направиме тоа. Тоа е доказ за принципот дека можете да ја користите микробиотата за да направите производи кои го подобруваат нашето здравје - вели д-р Џо.

Д-р Џо, угледна универзитетска професорка и претседателка на Катедрата за физиологија и фармакологија на Толедо колеџот за медицина и животни науки, е пионер во проучувањето на врската помеѓу бактериите што живеат во нашите црева и регулацијата на крвниот притисок.

Во нејзиното најново истражување, Џо и нејзиниот тим ја тестирале корисната цревна бактерија лактобацилус парацасеи, која била специјално модифицирана за да произведе протеин наречен АСЕ2 кај лабораториските стаорци кои имале предиспозиции за хипертензија и не можеле природно да го произведуваат овој протеин.

Хранејќи ги стаорците со бактеријата како пробиотик, истражувачите успеале да воведат човечки АСЕ2 во нивните црева, со што успешно бил намален крвниот притисок на стаорците.

Интересно е што ефектите за намалување на крвниот притисок биле забележани само кај женски стаорци. Истражувачите не се сигурни зошто е така, но д-р Џо шпекулира дека има врска со фактот дека жените имаат две функционални копии на ACE2. Овие две копии на АСЕ2 се исклучително важни за жените бидејќи кога биле изгубени, женките имале многу повисоко ниво на хипертензија во споредба со мажите.

Сепак, дури и со различните резултати меѓу машките и женските стаорци, Џо вели дека наодите се важен чекор помеѓу теоријата за искористување на бактериите за лекување хипертензија и други хронични состојби.

Извор: Science Daily
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука