X
 28.11.2023 Живот

Другарите го предизвикуваат и безобразно му зборуваат, па кога ќе им врати, излегува дека тој е виновен и го праќаат кај директорот и психологот

Имам 10-годишен син кој е петто одделение и со него учат неколку деца кои се малку потемпераментни и зборуваат безобразни работи. Син ми почна да учи од нив и да им враќа кога му зборуваат такви работи. Ние му кажуваме дека треба да се држи понастрана од нив и кога му зборуваат така или го задеваат, да ѝ пренесе на учителката и да не им враќа кога му зборуваат така бидејќи секогаш кога ќе му кажат нешто безобразно или ќе го предизвикаат, тој им враќа и испаѓа виновен, па оди кај директорот или психологот, а тие се извлекуваат. Кога ќе ѝ каже на наставничката, таа не му обрнува внимание, го обвинува него. Друг проблем е што стана многу нетрпелив, кога ќе му кажат нешто дома брат му или сестра му, веднаш ја врти работата на карање и тепање, исто и во училиште станува од место, а и кога зборуваме дома не може да седи на едно место, туку се движи и зборува и сѐ сака тој прв да каже, воопшто нема трпение. Ве замолувам за совет како да го научиме да не потпаѓа под туѓо влијание и на провокации, да биде трпелив и да ги почитува другите.

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк


Издвојуваме

Живот