X
 14.12.2025 Живот

Погледнете ја целата 9. симфонија на Бетовен визуализирана во шарени анимации

„Ода на радоста“ на Лудвиг ван Бетовен од 1972 година била усвоена од Советот на Европа како химна на континентот, а во 1985 година Европската Унија ја направи и официјална химна.

Во извесна смисла, „Ода на радоста“ е природен избор за музичко претставување на Европа, најмногу поради очигледната амбиција на симфонијата да ја вклучи и долови целата цивилизација во музичка форма.


Сложеноста и контрадикцијата на делата на Бетовен можеби полесно ќе ги разберете преку наведените видеа, кои претставуваат визуализација од Стивен Малиновски, креатор на „Музичка машина за анимација“, нешто што е применето и за „Четирите годишни времиња“ на Вивалди или Бранденбуршки концерт бр. 4 од Бах.

Исто така, една од најчесто изведуваните симфонии во светот е 9. симфонија на Бетовен, а елегантното прикажување на Малиновски ни овозможува да слушаме, а воедно и да ги гледаме основните елементи на нејзината структура, преку неговата визуализација.

На својата премиера во 1824 година во Виена, Симфонијата бр. 9 добила пет стоечки овации.

Извор: openculture.com

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот