X
 29.01.2026 Живот

Измамниците стануваат сѐ покреативни: 78-годишна жена платила за „приватен концерт“ на познат музичар

Измамниците стануваат сè покреативни, а сè почеста цел им се постарите граѓани.

Од полицијата во Риека повторно предупредија за интернет-измами, посебно издвојувајќи го случајот со 78-годишна жена од Делнице која поверувала дека познат музичар ќе ѝ одржи приватен концерт и останала без 1.000 евра.

Од полицијата истакнуваат дека речиси секојдневно добиваат пријави за интернет-измами на штета на граѓаните, а сторителите, велат од полицијата, се многу креативни.

Во тек е истрага за откривање на сторителот кој ја оштетил 78-годишната жена. Таа лани преку социјална мрежа комуницирала со непознато лице кое ѝ се претставило како менаџер на светски познат музички уметник, кој наводно организирал средби во домови на обожаватели.

Таа била повикана да се пријави за „приватен концерт“ и да уплати „само“ 1.000 евра за трошоците околу организацијата.

Надевајќи се на средба со омилениот музичар, жената ја уплатила сумата на странска банкарска сметка, но не се одржал ниту концертот ниту пак средбата, а комуникацијата со измамникот била прекината, па измамата ја пријавила во полиција.

Полицијата во Риека издвоила и друг случај: 80-годишна жена од Риека добила повик од непозната жена и поверувала дека преку инвестициски акции ќе заработи поголема сума пари, кои ќе ѝ бидат уплатени по преземање на апликацијата на мобилниот и доставување на личните и банкарските податоци.

Жената поверувала во неочекуваната добивка, ги доставила бараните податоци, а кога ја проверила сметката во банка, открила дека биле подигнати 3.700 евра.

Извор: Zimo.dnevnik.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот