Поларната светлина на север од Земјата е позната и како аурора бореалис, но кога се појавува на Јужниот Пол, се нарекува аурора аустралис.
Аурора аустралис (јужна светлина) има слични својства како аурора бореалис и е видлива во јужните географски широчини на Антарктикот, Јужна Америка и Австралија. Оваа година жителите на Австралија и на Нов Зеланд може да уживаат во спектакуларни глетки на јужната светлина.
- Последните неколку недели видовме навистина одлични прикази на јужната светлина - вели астрономот Јан Грифин, кој е и директор на музејот „Отаго“.
Џејмс О'Ди од Јужниот Остров во Нов Зеланд вели дека ловењето на аурора аустралис е авантура од која човек станува зависен. Тој и неговите пријатели користат апликации кои ги предупредуваат за можните датуми кога јужната светлина ќе биде видлива и тие бараат добри места за фотографирање каде што небото е чисто.
- Кога ја земате камерата и ги фотографирате боите на јужната светлина, чувствувате страхопочит - вели O'Ди.
Аурора аустралис најдобро се гледа од Јужниот Остров на Нов Зеланд, но неодамна јужната светлина беше толку сјајна, што можеше да се види од Окленд.