X
 31.12.2022 Технологија

Нов Зеланд ќе биде првата земја во светот со електрични авиони

Новозеландската авиокомпанија „Ер Њу Зиленд“ потпиша договор со намера за купување 23 електрични авиони. Тие ќе се користат за карго и патнички услуги на кратки релации.

Компанијата има цел да спроведува летови кои не произведуваат штетни гасови до 2026 година. Затоа, компанијата ќе соработува со четири произведувачи на авиони кои користат електрични, водородни и хибридни технологии.


Првите електрични авиони што ќе бидат купени од авионската агенција работат со две електрични погонски единици развиени од компанијата „Магни-екс“.

Извор: Green
Насловна фотографија: Facebook
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија