X
 29.08.2022 Живот

Предупредување од Илон Маск: „Ова е поголем ризик за цивилизацијата отколку глобалното затоплување“

Најбогатиот човек на светот - Илон Маск се огласи на „Твитер“ за да сподели застрашувачко предупредување, шпекулирајќи за можната причина за колапс на општеството.

Основачот на „Спејс екс“ ги сподели своите стравови со повеќе од 104 милиони следбеници и рече дека иако глобалното затоплување и понатаму претставува ризик за човештвото, нешто друго е уште позаканувачко.

- Колапсот на населението поради нискиот наталитет е многу поголем ризик за цивилизацијата отколку глобалното затоплување, запомнете ми ги овие зборови - напиша тој.

Маск се залага луѓето да имаат повеќе деца - тој има 10 деца.

- Дали имањето деца е единственото решение? Мислам дека треба да има доста едукација за ова - изјави еден твитер-корисник, на што Маск одговори со едноставно: - Да.

И можеби Маск е во право. Во делови од светот, вклучително и Јужна Кореја, наталитетот драматично опаѓа. Според Светската банка, азиската нација имала просечна стапка на наталитет од 6,1 раѓања по жена во 1960 година, што паднало на 0,92 во 2019 година.

Во Обединетото Кралство, 2020 година беше првата година откако почна евиденцијата дека жените на возраст од 30 години имаат поголема веројатност да немаат деца. Но, во други земји како Естонија, Летонија и Шпанија, референтното биро за население објави дека наталитетот е во пораст.

Маск е познат по неговите контроверзни размислувања на „Твитер“ и согледувања за иднината на човечката раса - иако луѓето честопати ги критикуваат неговите теории.

И покрај неговата загриженост за глобалното затоплување, технолошкиот милијардер неодамна се најде на насловните страници по смешниот деветминутен лет со приватен авион од Сан Франциско до Сан Хозе, Калифорнија.

Корисниците на социјалните мрежи го нарекоа еден од „лошите момчиња милијардери“ и забележаа дека можел да се качи со возот, кој застанува само пет пати.

Извор: Dailystar.co.uk
Насловна фотографија: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот