X
 30.04.2025 Живот

Откријте ја Фиренца на поинаков начин: 10 вински прозорци што мора да ги посетите

Ако се најдете во Фиренца оваа пролет или лето, не заборавајте да одвоите малку време и да скршнете од туристичката патека. Наместо класична винска турнеја, пробајте нешто сосема посебно и автентично – вински прозорци или „buchette del vino“ кои кријат приказна стара речиси 400 години.

Овие шармантни отвори во ѕидовите на поранешните благороднички палати не се новооткриен тренд. Тие датираат од 17 век, кога сопствениците на лозја решиле да продаваат вино директно од своите домови преку мали прозорци на улица, избегнувајќи ги посредниците и собирите во затворени простори, особено за време на епидемијата на чума.

Денес тие изгледаат како мали врати високи околу 30 сантиметри, закривени на врвот, често украсени и врежани во камен. Тие биле заборавени или заѕидани со години, но пандемијата ги врати во функција, овој пат со вино, кафе, коктели, па дури и сладолед „за носење“, совршено интегрирани во концептот на социјално дистанцирање.


Најчесто тие се опремени со шанк, полици и стаклени кутии каде што се изложени шишиња со вино и други пијалаци. Муштериите можат да пристапат до прозорецот и да изберат што сакаат од понудените производи. Сè е јасно прикажано зад стаклото, а цените се означени. Плаќањето се врши со вметнување пари или картичка низ отворот на прозорецот, а често има и механизам за враќање ситни пари. Прозорците за вино се главно отворени преку ден, но најчесто се затворени во недела и празници.



Зошто винските прозорци се толку посебни?


Затоа што совршено го комбинираат сето она што го сакаме во Италија: традиција, естетика, одлична приказна и, се разбира, квалитетно вино. Овие прозорци некогаш биле секојдневие, а денес се носталгично потсетување на други времиња, но и шармантна точка на средба помеѓу минатото и сегашноста.

Фактот што винските прозорци не се официјално каталогизирани, не се управувани од градот, регионот или државата, дава дополнителна вредност на сè. Токму затоа едно локално здружение се посветило на истражување и мапирање на сите постојни прозорци, со цел да се зачува ова уникатно културно наследство.

Доколку планирате посета на Фиренца, задолжително додајте ги винските прозорци на вашата листа. Една голтка од прозорецот и ќе се вратите назад во времето.

Извор: journal.hr

Фото: Instagram

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот