X
 30.05.2023 Живот

Ќерка ми имаше вид напад, се стресе во сон и ѝ помодреа нозете, па оттогаш немам мир и се плашам да ја оставам сама

Се соочувам со еден доста исцрпувачки период. Моето девојче има 3 години, од минатото лето спиеше сама во соба, знаеше во текот на ноќта да се разбуди и да побара некој да дојде кај неа или таа да дојде кај нас во спална.
Пред 4 месеци си легна да спие и се случи во сон да се стресе (како вид напад, се тресеше цела) и потоа ѝ помодреа нозете, беше свесна и викаше само „не, не, не“ ако ја прашавме нешто, и кажа дека ѝ студело. Одма отидовме на лекар, по пат повраќаше, таму пак повраќаше, и ни кажаа дека е стомачен вирус. Следниот ден отидовме на матичен лекар и испадна дека има стрептокока во носот и докторката рече дека тресењето и помодрувањето биле реакција на бактеријата. А да напоменам и дека пред 2 вечери од тресење падна на под, при што силно го удри главчето, но потоа се однесуваше најнормално. Оттогаш веќе 4 месеци немам мир, се плашам да ја оставам сама в соба да спие, постојано сум до неа за повторно да не се стресе и да не помодри, а јас да не забележам. Девојчето најнормално си функционира, зборува, игра, моментално минува низ тантруми, вика, плаче, заоѓа некогаш, се инаети, не попушта, но повторен напад нема оттогаш доживеано, а јас сум во страшни мисли постојано…

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк

Издвојуваме

Живот