Kaко и многу работи во Северна Кореја, и семејниот живот на Ким Јонг-ун е обвиен во тајна.
Но извештаите од шпионската агенција на Јужна Кореја велат дека неговата сопруга Ри Сол-ју родила трето дете во февруари оваа година.
Шпекулациите за бременоста започнале во 2016 година по нејзиното исчезнување од очите на јавноста.
Се верува дека неговите други деца биле родени во 2010 и 2013 година, меѓутоа, не е познато дали Ким Јонг-ун има машки наследник кој ќе го замени, бидејќи родовите на првото и третото дете сè уште не се познати. Единствено се знае дека неговото второ дете е девојче, а нејзиното име е Ју-ае. Оваа информација случајно ја обелодени американската кошаркарска ѕвезда Денис Родман, кој е близок пријател на Јонг-ун.
Зошто постои толку голема мистерија?
Севернокорејските државни медиуми не објавуваат многу информации за приватниот семеен живот на лидерот.
Не е познато ниту за детството на Ким Јонг-ун, а неговиот прв јавен настап бил во септември 2010 година, непосредно пред смртта на неговиот татко. Не е позната ниту годината на неговото раѓање, меѓутоа, се проценува дека бил роден во 1983 или 1984 година.
Неговиот дедо, Ким Ил-сунг (кој ја основал Демократската Народна Република Северна Кореја), честопати бил виден со својата сопруга во јавноста и на фотографии со нивните деца.
Но неговиот татко и претходник Ким Јонг-ил бил доста недопирлив. Се смета дека имал најмалку четири различни партнерки - Сонг Хае-рим, Ким Јонг-сок, Ко Јанг-Хуи и Ким Ок, но неговите врски најчесто биле чувани во тајност.
Имал три момчиња и едно девојче.
Сложена линија на наследство
Најмладиот од синовите на Ким Јонг-ил не се сметал за фаворит кој би можел да го наследи татко си, меѓутоа, бил именуван за наследник во 2011 година по смртта на Ким Јонг-ил.
Посебно внимание било посветено на комплицираната историја на семејството на Ким Јонг-ил по атентатот на неговиот постар полубрат Ким Јонгем на аеродром претходно оваа година.
Во август 2013 година основачките принципи на Северна Кореја наводно биле ревидирани со цел да се зачува превласта на „Баекду крвната линија“ за да се легитимира континуираното наследство на династијата на Ким.
Која е сопругата на Ким?
Малку е познато за Ри Сол-ју, меѓутоа, се смета дека таа била пејачка што му го привлекла вниманието на Ким за време на една изведба. Постои севернокорејски изведувач со истото име, меѓутоа, никогаш не било потврдено дали станува збор за истата личност.
Аналитичарите веруваат дека Ким Јонг-ун и Ри Сол-ју имаат три деца поради нејзините необјаснети отсуства и повторни појавувања во јавноста, иако оваа информација никогаш не била потврдена.
Нејзиниот западен стил на облекување и релаксиран однос со нејзиниот сопруг во јавноста предизвика споредби со стилот на Мишел Обама.
Ова предизвика надеж дека Јонг-ун ќе започне модерен стил на лидерството, меѓутоа, меѓународните односи на
земјата неодамна драматично се влошија по серијата антагонистички тестови на проектили.