X
 12.08.2016 Култура

Како еден човек успеал да излаже за едно од најголемите археолошки откритија во историјата?

Ново истражување објавено во Кралското друштво на отворени науки обвини еден човек за едно од најголемите научни злосторства некогаш направени.

Се' започнало во 1912 година, кога Чарлс Досон, професионален адвокат и аматерски ловец на фосили открил фрагменти од череп сличен на човекот, со вилица слична на мајмун и два катници, неколку камени алатки и фрагменти од животински фосили во јама во Велика Британија. Сите фосили имале црвеникаво-кафена боја.

Досон ги однел неговите откритија кај палеонтологот Артур Смит ВУдворд. Кога двајцата го објавиле нивното откритие, тоа предизвикало голема возбуда во научната заедница.

За черепот научниците заклучиле дека потекнува од суштество наречен Пилтдаун кој живеел на земјата пред 500.000 години, а се сметал за исчезнатата еволутивна врска помеѓу мајмуните и луѓето. Од локалитетот биле ископани уште неколку фосилни фрагменти, а една година пред смртта на Досон во 1915 година,  тој тврдел дека пронашол фрагменти од друг череп на друго место оддалечено неколку километри од првото.

Меѓутоа нешто било чудно во врска со наодите.

Во 1950-тите, научниците повторно ги испитувале коските користејќи нови технологии и откриле нешто чудно. Коските немале иста возраст.

Горниот череп бил само 50.000 години стар, додека вилицата, за која денес научниците сметаат дека е од орангутан, била стара само неколку децении. Дополнителните докази покажале дека измамникот ги обоил фосилите со хемикалија со цел да им го даде тој црвеникаво-кафен изглед.

Приказната за Пилтдаун човекот за брзо време стана позната како една од најголемите научни измами на сите времиња. Досон бил првиот осомничен, но дали дејствувал сам? Многумина се сомневаат дека Досон сепак имал помош.

Се чини дека Вудворд бил примамлив избор за негов соучесник, освен што тој поминал поголем дел од неговиот живот во потрага по повеќе од овие фосили. Некои тврдат дека францускиот свештеник Тејлар Пјер де Шардан може да бил соучесникот на Досон. Дури и Сер Артур Конан Дојл, легендарниот креатор на Шерлок Холмс, бил земен во предвид како осомничен.

Меѓутоа, новото истражување открива дека Досон бил единствениот виновник за оваа измама. Истражувањето открива дека секој примерок некогаш откриен бил пронајден во присуство на Досон, а локалитетите наеднаш „пресушиле“ после смртта на Досон.

Досон знаел дека британските научници очекувале да видат голем мозок, лице и вилица слични на мајмун и фосилизирани материјали кои имале антички елементи - и тоа е она што тој им го дал.

Извештајот бил објавен на 100 годишнината од смртта на Досон. А неговата измама ни остава важна лекција.

„Измамата дава добар пример за нашата потреба да се вратиме назад и да погледнеме во доказите онакви какви што се, без разлика дали се или не се во согласност со нашите утврдени идеи“, велат научниците.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура