X
 30.11.2023 Живот

Се гради најголемиот часовник во светот, ќе отчукува еднаш годишно

Започна изградбата на најголемиот часовник во светот. Тој ќе отчукува само еднаш годишно. Часовникот, висок 152 метри, се гради во планински синџир Сиера Дијабло во Западен Тексас, на земја во сопственост на милијардерот Џеф Безос.

Сопственикот на „Амазон“ го финансира проектот за кој се претпоставува дека ќе чини околу 42 милиони долари. Станува збор за механички часовник кој ќе отчукува само еднаш годишно, а стрелките би се поместувале нанапред еднаш во сто години. Часовникот ќе го одбележува поминувањето на секој милениум со звук.

Идејата за изградбата на часовникот потекнува од научникот Дени Хилис, кој уште во 1995 година го предложил часовникот за да се мери времето во следните 10.000 години. Експертите велат дека тој ќе го надживее човештвото. Часовникот е дизајниран така што е потребно минимално одржување, а ќе работи со термална енергија собрана од дневните циклуси на греење и ладење на Земјата.

Треба да го покажува времето со астрономски и календарски прикази и да вклучува генератор на тонови со 3,5 милиони уникатни звучни секвенции. Инженерите издлабиле пет комори во часовникот – за одбележување една година, деценија, век, милениум и 10.000 години.

Целта на часовникот е да биде точен и функционален најмалку 10.000 години, но и да стане симбол на модерната цивилизација.

Кога ќе биде завршен, ќе биде отворен за посета за сите заинтересирани. Сепак, треба да се забележи дека не е лесно да се дојде до него. Првиот аеродром е на стотици километри од часовникот, а до него се стигнува по нерамен пат кој се издига на 600 метри над долината.

Извор: Pun kufer
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот