X
 31.01.2016 Наука

Како да ја задржите мотивацијата според науката?

Имавте донесено одлука за новата година и веќе ја губите мотивацијата? Можеби проблемот е во начинот на кој мислите за вашата цел. „AsapScince“ ни помага да ги постигнете целите со помош на науката. За почеток, дознаваме дека наградата може да биде голема мотивација, особено паричната. Но, кога ни е дадена задача за решавање на проблем, економскиот или емоционален притисок може да предизвика контра-ефект.

Забавата е најголем мотиватор, според науката. За да ги постигнеме своите цели, треба да одбереме нешто што навистина ни се допаѓа.

Оптимизмот делува позитивно, но секогаш не е најдобра стратегија доколку се користи како единствен избор на мотивација. Истражувањата покажале дека замислувањето на целта може да делува позитивно.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука