Истражувачите од Универзитетот „Дјук“ постигнале 100-процентна стапка за излекување на карцином во модел на глушец преку инјектирање гел базиран на етанол директно во туморите. Овој потфат е инспириран од евтината терапија наречена „етанолска аблација“ и го подобрува методот за третирање на поголема низа различни тумори.
Етанолот може да убие некои видови тумори бидејќи уништува протеини и фатално дехидрирани клетки. „Етанолската аблација“ веќе се користи за да се третира еден вид канцер на црниот дроб, а еден третман чини само 5 долари. Успешноста на потфатот е еднаква на хируршки зафат. Сепак, овој третман е ограничен. Истражувачите имаат намера да ја подобрат техниката со мешање на етанолот со етил целулоза за да креираат решение кое се трансформира во гел и може исто така да се вшприцува преку инјекција.
Како што беше споменато, ова е тестирано на модел на ’рчко. По 7 дена, 6 од 7. тумори се повлекле кај ’рчковците што ја примиле терапијата. До 8. ден сите тумори исчезнале.
Терапијата за канцер е скапа насекаде, но во земјите во развој понекогаш е и недостапна. Затоа и смртноста во вакви случаи е поголема во тие земји. Многу од новите истражувања за третирање на болеста се фокусираат на многу скапи техники, па затоа ваквите потфати што не чинат многу се во голема мера потребни во здравството низ светот.
Резултатите од спроведениот експеримент се задоволувачки, а тимот што стои зад него смета дека со ова ќе се успее во третирањето на повеќе видови канцери и овој потфат ќе биде од голема корист за сите земји во светот.
Фото: Freepik