X
 31.01.2024 Живот

Јапонците почнаа да се збогуваат со флопи-дисковите

Јапонското министерство за економија, трговија и индустрија има многу информации што треба да ги организира и одржува, па затоа е охрабрувачки да се знае дека по неодамнешната ревизија на протоколите, министерството несомнено ќе го модернизира своето работење. Тоа не значи дека новите регулативи дозволуваат врвен напредок во ИТ, туку дека министерството конечно ја укинува употребата на застарена технологија, поточно флопи-дисковите.

Министерството објави дека до крајот на календарската 2023 година отстранило 34 уредби со кои се бара податоците да се доставуваат до министерството на флопи-дискови и уште повеќе уредби со кои се бара користењето на компактен диск (ЦД).

Целта да се стави крај на употребата на флопи-дискови во владините агенции произлегува од два главни проблеми. Првиот е дека условот ја намалува можноста за доставување и споделување податоци на интернет, што ја попречува оперативната ефикасност и го комплицира процесот на поправка или ажурирање на информациите. Второ, многу е тешко да се најдат флопи-дискови за продажба, бидејќи тие во суштина исчезнаа од потрошувачкиот пазар.

Другите министерства во Јапонија допрва треба да ги сменат уредбите за да ја укинат употребата на флопи-дисковите и цедињата.

Извор: Japan today
Насловна фотографија: Unsplash
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот