X
 30.10.2015 Образование

Се зголемува посетеноста на "Еразмус плус" инфо-деновите за студирање и усовршување во странство



Наставници и професори, општинската администрација и активисти во граѓанскиот сектор земаа учество на инфо-деновите одржани во Кавадарци, Гевгелија, Берово и Скопје како дел од циклусот на промотивни активности за програмата „Еразмус плус“ во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Македонија.

Посетителите беа информирани за фазите на одлучување, односно за процедурата за селекција на апликации кои се одвиваат во 4 нивоа: 

- Техничка проверка (Проверката се врши од страна на лица вработени во агенцијата, од технички аспект: дали се поднесени сите потребни документи, дали е запазен рокот за аплицирање, дали се пополнети соодветните апликациони формулари итн.)

- Квалитативна евалуација (Оценување на апликациите кое се врши од страна на надворешни експерти – доделување бодови на апликациите според квалитетот на содржината)

- Евалуационен Комитет (Комитет формиран од стручни лица кои доаѓаат од соодветни образовни институции на Р.Македонија, при што се утврдува запазеноста на сите пропишани процедури и правила при селекција на апликациите) 

- Одлука од Директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност



Следни инфо денови Агенцијата планира да спроведе во Ресен и Кичево, а со цел зголемување на вклученоста на бизнис заедницата предвидени се и информативни работилници во соработка со стопанските комори во Република Македонија кои ќе се одржат во Скопје и Битола.

Покрај наведените настани Националната агенција планира и реализација на повеќе настани кои ќе се концентрираат на подигнување на свесноста во овој образовен сегмент. Целосната програма можете да ја најдете на Фејсбук страната на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.



Програма, „Еразмус плус“ им нуди на заинтересираните да партиципираат во друга програмска држава за учење, работа, предавања воедно да обучуваат или развиваат професионални вештини и компетенции, но и да развиваат билатерални и мултилатерални партнерства, зависно од секторот. Програмата претставува комбинација од 7 европски образовни програми, програми за обука и млади, и за прв пат во својата структура го додава спортот. Целта на „Еразмус Плус 2014-2020“ програмата е зајакнување на вештините и можностите за вработување, модернизација на образованието, обуката и младинската работа, како и обезбедување на можности за над 4 милиони Европејци да учат, да стекнат работно искуство и да волонтираат во странство.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование