X
 31.08.2017 Живот

Какво време да очекуваме во првите денови од месец септември

Денес е четврток, 31 август 2017 година, 243-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:52, а ќе зајде во 19:13 часот. Денот ќе трае 13 часа и 21 минути.

Во Македонија денес имаме ведро и сончево утро кое што ни носи и малку пониски утрински температури, но сепак во границите на повеќегодишниот просек за овој период од годината.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес по свежото утро со утрински температури кои што се движат во интервал од 7 до 16 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време со пораст на дневните температури кои што ќе го надминат повеќегодишниот просек за овој период до годината. Во текот на денот ќе дува доумерен слаб северозападен а во источните предели и југоисточен ветер. Максималните дневни температури денес ќе се движат во интервал од 26 до 36 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес сончево и топло време. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 13 степени, додека пак максималната дневна температура до 32 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во следните денови не очекува стабилно и релативно топло време за овој период од годината со температури кои што ќе бидат над границите на просекот за овој период од годината. Во петок и сабота ќе биде претежно сончево и топло време со температури, како утринските така и дневните ќе бидат над повеќегодишниот просек за овој период од годината. Во петок утринските од 8 до 18 степени, додека пак дневните од 26 до 36 степени, додека пак во сабота минималната од 11 до 21 додека пак максималните дневни од 27 до 37 степени. Во недела умерено облачно време и нестабилно време со услови за преодна дестабилизација на времето што ќе услови и локални врнежи од дожд и посвежо со пад на дневните температури кои што ќе се движат од 22 до 32 степени, а утринските без промена како и претходниот ден од 11 до 21 степен, во текот на денот услови за локални врнежи. Во понеделник претежно сончево и свежо време, минималните температури од 7 до 17 степени, додека пак дневните од 20 до 30 степени.

Weather4all..com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот