X
 28.10.2020 Образование

МОН го продолжи рокот за достава на документите за корисниците на студентска стипендија

Министерството за образование и наука соопшти дека рокот за достава на документите за корисниците на правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, се продолжува до 30.11.2020 година.

- Корисникот на стипендија треба да достави потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање и уверение/потврда за предвидени и положени испити со успех од претходните години и индекс на увид, како докази дека има положено 80%, односно 90% (зависно од типот на стипендија што ја користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех на студирањето, согласно договорот за стипендија - се наведува во соопштението, во кое се додава дека документите се доставуваат преку писарницата на МОН или по пошта (препорачана пратка со повратница) на адреса: бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование