X
 02.11.2023 Интернационални огласи

Повик за учество во програма за новинари ФАСПЕ

Отворено е пријавувањето за програмата за новинари ФАСПЕ. Станува збор за интензивна студиска програма која трае две недели, а е за професионално етичко водење. Таа се одвива во Берлин и Полска, каде што се посетуваат настани од нацистичката историја и се учествува во семинари водени од професионалци.

Програмата е целосно финансирана од организаторите. Кандидатите треба да имаат некакво новинарско искуство или да студираат новинарство, но не треба да работат повеќе од 10 години. Програмата се одржува од 21 јуни до 5 јули 2024.

Пријавувањето трае до 2 јануари 2024. Повеќе информации можете да најдете овде
Активен до:    02.01.2024

Издвојуваме

Интернационални огласи