X
 01.03.2023 Живот

Дојави за бомби во училишта во Скопје, евакуација уште на првиот час

Во училишта во Скопје утринава повторно има дојави за поставени експлозивни направи.
Од Министерството за внатрешни работи за МИА потврдија дека има нови дојави за бомби, но повеќе детали најавуваат за подоцна.

Дојави за бомби во изминатите денови имаше во повеќето основни и средни училишта во Скопје. По предлог на Министерството за образование и наука, во оние училишта каде што има дојави за бомби треба да се спроведува онлајн настава.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот