X
 01.06.2019 Живот

Фотографија од татко и ќерка на матурска се претвора во евергрин на „Твитер“

Поради тоа што е сезона на матурски и апсолвентски прослави, една фотографија одново се актуализира на социјалните мрежи. Тори Роач (19) минатата година на „Твитер“ сподели фотографии од нејзината матурска и матурската на нејзиниот татко, на кои тие двајца се фотографирани во истата поза.

Објавата е составена од две фотографии. На првата младиот матурант во зелена свечена облека држи мало бебе, а на втората Тори е во истата поза со татко и, само 18 години подоцна, на матурската во истото средно училиште во кое завршил и нејзиниот татко.

Фотографиите брзо станаа хит, а илјадници луѓе беа воодушевени и коментираа дека фотографиите им предизвикале најнежни емоции.

- Никогаш не би помислила дека мојата објава толку ќе ги заинтересира луѓето. Кога тоа почна, бев во шок. Го повикав татко ми и му кажав дека сите ги споделуваат нашите фотографии - истакна младата девојка.

Со новата сезона на матурски објавата повторно привлече многу внимание, а тоа што е споделена повеќе од 67 илјади пати покажува дека се претвора во евергрин на „Твитер“.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот