X
 30.07.2020 Живот

Фотограф направил уникатна фотографија од група сини пеперутки

Фотографот Келвин Хадсон неодамна направил фотографија која изгледа како сцена од бајка.

Додека бил на прошетка во шумата, Хадсон забележал група од сини пеперутки на стебло

на дрво

и успеал да ги фотографира. Хадсон дефинитивно бил на вистинското место во вистинското време, особено доколку се земе предвид непредвидливото движење на пеперутките.


Видот пеперутки кои се на сликата поминуваат многу време на површината на земјата во шумата или во пониските делови од дрвјата, а додека седат таму, тие ги повлекуваат крилјата за да ја зачуваат бојата, но и за камуфлажа. Хадсон ги забележал додека тие уживале во топлината на Сонцето.




Автор: Сара Барнс
Извор: mymodernmet.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот