Луѓето често бараат креативни места за да направат селфи, па зошто тоа да не биде во вселената? Токму тоа го овозможи поранешниот инженер на НАСА и популарен јутјубер Марк Рубер со проектот наречен САТ ГУС. Во јануари 2025 година овој сателит, чија изработка траела три години и чинела 5 милиони долари, беше лансиран во орбитата на Земјата. Ова лето тој ќе прави бесплатни селфи фотографии.
Проектот „Вселенско селфи“ е иницијатива на лабораторијата на Рубер - „Кранч лабс“, во соработка со „Гугл пиксел“ и „Т-мобиле“. Тој им овозможува на луѓето од целиот свет да добијат уникатно селфи. Додека САТ ГУС кружи околу Земјата, безжично ќе прима фотографии што корисниците ги испраќаат преку веб-страницата „Спејс селфи“. Тие слики се прикажуваат на екран, па кога сателитот ќе ја направи фотографијата, ќе добиете селфи со Земјата во заднина.
- Отсекогаш сум сонувал големи соништа. Среќен сум што можам да објавам дека од денес, правењето вселенско селфи со САТ ГУС е бесплатно засекогаш и за секој жител на оваа неверојатна планета - вели Рубер.
Првите селфи-фотографии ќе бидат вратени на Земјата во текот на летото. Ако сакате и вие да бидете дел од ова, едноставно прикачете ја вашата слика (бесплатно) на веб-страницата SpaceSelfie.com.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото:
Twitter