X
 01.07.2019 Живот

Хороскоп за јули 2019 година

Овен

Љубов -
Доста сте чувствителни во првиот дел на јули, нервите ви се тенки и во овој период лесно ќе дојде до подигнување на тензијата и негативната енергија во однос на личноста што ја сакате. Расправијата може да биде поттикната од ситници, присутни се несогласувања во договорите, околу воспитувањето на децата - во некој друг момент ова лесно би го пребродиле, но сега премногу ве засега и не можете да не реагирате.

Работа
- Ве очекува динамичен и напорен период кога станува збор за работата. Ќе биде присутен притисокот од надредените, а повремено ќе ви се чини дека само вие работите, а другите ви ја префрлаат работата и одговорноста. Не потпирајте се премногу на другите бидејќи може да ве изненадат промените во договорите и оставање на цедило во последниот момент. Иако сето ова изгледа како невозможна мисија, ќе се снајдете најдобро што можете.

Здравје
- Проблеми со притисокот и циркулацијата.

Бик


Љубов
- За партнерот и за вас би било најдобро кога во текот на јули би избегнувале посериозни теми и емотивни проблеми. Не е вистински момент да решавате одредени проблеми бидејќи мала е веројатноста да дојдете до компромисно решение, туку ќе дојде до зголемување на проблемот. Она што можете да го направите за да го подобрите односот со личноста што ја сакате е почесто да излегувате, да се дружите, да патувате заедно.

Работа - Јули е месец на многу активности и многубројни промени во работниот сегмент. Но, мала е веројатноста дека ќе почнат промените што вас ви одговараат - попрво ќе дојдат оние што ве нервираат и ве тераат да брзате. Бидете внимателни доколку почнувате со нова работа или договарате нова работа или проект - потрудете се околу секој детаљ, па дури и најмалиот. Не баш стабилна финансиската ситуација.

Здравје
- Проблеми со ногата и половината.

Близнаци

Љубов - Единствено што може во текот на јули да ви го уништи односот со саканата личност или брачниот партнер е повремената нервоза што ќе доведе до пречувствителност. Но, таа нервоза не се поврзува лично за вашиот однос, туку за некои други прашања - финансиски и работни. Тензијата поврзана со работата и финансиите ќе се случи во втората половина од јули, така што нема смисла да бидете негативни кон партнерот поради нешто што и онака за брзо време ќе го решите сами.

Работа
- Јули, особено неговиот прв дел, може да го обележи уште полоша комуникација со соработниците - можни се дезинформации, збунувачки ситуации и недоразбирања. Сочувајте го мирот и решавајте ги ситуациите една по една. Периодот е добар за да се ослободите од заостанатите финансиски прашања, но и да ги завршите договорите што сте ги почнале во претходниот период.

Здравје - Проблем со притисокот, половината и крвните садови.

Рак

Љубов - Важно е повремените не многу добри ситуации со личноста што ја сакате да не ги доживувате трагично. Во суштина јули е месец што ви носи падови на расположението што можат да бидат предизвикани и од вашите преголеми и претерани очекувања. Едноставно, оставете повремените бранови на нерасположение да поминат и брзо ќе сфатите дека без причина сте биле незадоволни. Генерално гледано - овој месец ви дава особено добри можности во односот со личноста што ја сакате.

Работа -
Одличен период да направите чекор напред, многу поенергично и посилно да почнете со реализирањето на вашите цели кога станува збор за работата. Во овој месец ќе добиете нови одговорности, што ќе се манифестира преку зголемување на обемот на работата, а за одредени ракови може да донесе и унапредување. Во јули навистина ќе работите многу, но резултатите од таа работа ќе ги видите многу брзо.

Здравје - Нервоза, склоност кон повреди.

Лав

Љубов
- Ќе чувствувате силна потреба да промените нешто бидејќи односот со партнерот ќе се најде во чудна фаза - забележано е незадоволство, форма на дистанцираност и помалку заедничко време. Од друга страна, вашата нервоза ќе ги забави проблемите, па ви се советува повеќе да ставите акцент на уживањето во заедничките моменти со саканата личност. Работите ќе си дојдат на свое.

Работа - Лавовите ќе се изнаработат во текот на јули. Премногу обврски, а малку време да ги завршите сите, па извесно е надминување на роковите, брзање и стрес на дневна база. И покрај тоа што ќе се жалите дека не можете да кренете глава од работа, ова темпо ви одговара и сте полни со енергија која некаде мора да ја потрошите.

Здравјe - Стрес и премалку сон.

Девица

Љубов -
Без големи случувања во вашиот емотивен живот во текот на јули. Односот со партнерот главно ќе функционира усогласено и покрај вашите повремени нервози и потреби да се нервирате, но главно околу ситници. Не уништувајте ја атмосферата во вашата врска или брак со ваквите испади бидејќи навистина немате причина за такво нешто. Прашајте се зошто реагирате непримерно и што во суштина е она што ви пречи. Слободните припадници немаат посебни шанси да влезат во некаква емотивна врска овој месец.

Работа - Работата и трудот од претходниот период во текот на јули може да резултираат со позитивни информации, промена на работното место, унапредување или поголема финансиска сатисфакција. Добар е периодот да се поврзете со луѓето, да почнете одредени договори и преговори. И овој период ќе ви донесе зголемен број на обврски, а малку време за нивно реализирање, па сметајте дека ќе се соочувате со нервоза.

Здравје - Чувствителни ви се коските и ќе имате намалена циркулација.

Вага

Љубов
- Во првиот дел од јули нема да можете да се пофалите со добар однос со вашиот партнер. Ќе има нервози и незадоволство и ќе имате чувство дека повеќе ништо вистински не ве поврзува, туку дека функционирате автоматски, од навика. Оние ваги чиј емотивен однос е на стаклени нозе и имаат реални проблеми што траат подолго време, може во средината на јули да ја прекинат врската. Оние што се врзани со минатото, ќе го остават зад себе.

Работа
- Иако во одредени моменти ќе сметате дека можете подобро и нема да бидете задоволни од вашата работа, резултатите ќе зборуваат за вас. Втората половина од месецот може да има тензии и со луѓето со кои работите и со надредените - тогаш не донесувајте значајни одлуки, туку почекајте. Може да има помали проблеми во овој период.

Здравје - Проблеми со стомакот и настинки.

Скорпија

Љубов
- Нагласена пречувствителност во текот на првата половина од месец јули. Час ќе драматизирате, час ќе се нервирате, час ќе реагирате бурно. Во секој случај, на партнерот ќе му биде тешко да открие што ви се случува, па можно е во некои моменти да дојде до недоразбирање. Сето тоа ќе дојде на свое место кон крајот на јули кога ќе ги пронајдете вистинските зборови и вие двајца совршено ќе се вклопите. Слободните припадници ќе лутаат во текот на јули - многубројните контакти со спротивниот пол ќе останат на ниво на пријателска комуникација и флерт.

Работа
- Се разбудија амбициите, желбата за промени и движење се активира и скорпиите ќе го дадат максимумот кога станува збор за работата. Она што ќе ви пречи се брзањето, нервозата и лошата комуникација со соработниците и надредените. Но, сето тоа ќе се поправи за брзо време.

Здравје
- Стрес и проблеми со спиењето.

Стрелец

Љубов
- Тешко дека некој ќе ве убеди дека не сте во право во врска со одредени прашања. Сметате дека знаете најдобро и нема да сакате да ја слушате саканата личност која има различно размислување. Партнерот ќе се обиде да ве убеди, а потоа ќе ги дигне рацете и ќе се повлече, што може да доведе до застој во комуникацијата. Треба да ја поправите комуникацијата, па затоа е потребно да направите компромис.

Работа - Не сте расположени за работа во текот на јули. Тешко ќе ви паѓаат обврските што ги имате, и со мислите веќе сте на одмор и на плажа. Од друга страна, финансиски сте нестабилни, па морате да се борите на дневна база овој сегмент да го поправите, што и ќе ви тргне од рака, но кон крајот на јули. Овој месец ви носи нови планови и почетоци на договори со потенцијални соработници.

Здравје - Во текот на поголемиот дел од месецот вашата енергија ќе биде на половина.

Јарец

Љубов
- Партнерот се однесува доста чудно, а вие имате проблем бидејќи не знаете како да се поставите и да одговорите на неговите промени на расположението. Саканата личност час е премногу емотивна и се буни дека добива премалку внимание, време и љубов од вас, а час се расправа за ситници што реално гледано немаат никакво влијание врз вашиот однос. Слободните припадници сите љубовни шанси во текот на јули ќе ги пропуштат бидејќи никој нема да им одговара.

Работа - Проблемите во текот на јули лежат во тоа што се мали шансите за промена. Може да направите некои договори што во почетна фаза ќе изгледаат дека можат веднаш да се реализираат, но од некоја причина сето тоа ќе биде пролонгирано или за крајот на месецот или за август.

Здравје - Чувствителност во текот на цел јули.

Водолија

Љубов
- Динамика во вашата емотивна врска или брак и тоа како ќе постои. Само мал проблем е што таа динамика подразбира дека често ќе се нервирате и расправате. Дури и ако не дојде до конкретни расправии, точно ќе почувствувате дека постои напнатост и нервоза меѓу вас двајцата. Секако ќе сметате дека партнерот е виновен за тоа, а доколку се праша партнерот, тој ќе одговори дека сте тешки и неразумни. Слободните водолии ќе запознаат нови личности во текот на јули.

Работа -
Поголемиот дел од месецот ќе ве измачи. Ќе се нервирате и ќе имате многу работа. Сепак, вашата енергија и волја ќе ги насочите на вашите работни обврски, така што на тоа поле ќе бидете безбедни, а ќе можете да очекувате дури и покачување на платата или унапредување. Последната недела во јули ќе се соочите со еден одличен бизнис-предлог. Прифатете го.

Здравје -
На вашето тело му е потребно опуштање.

Риби

Љубов -
Иако со партнерот покажувате подобро разбирање, тоа не значи дека вашиот однос во текот на јули ќе биде совршен. И покрај разбирањето, постои напнатост што ќе се чувствува уште посилна, и во тие моменти би било добро да не се расправате. Слободните припадници на овој знак ќе запознаат некој што на прв поглед ќе им изгледа непривлечно.

Работа - Најдобро би било ако првиот дел од месецот заминете на одмор, далеку од грижите и проблемите на работа. Доколку не успеете, ќе работите многу и физички и ментално ќе се уморите. Крајот на јули ќе ви донесе благо подобрување, понормално функционирање и поголемо задоволство во односите на работа.

Здравје
- Физичка активност за исцрпување на негативната енергија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот