X
 01.07.2025 Живот

Ким Џонг-ун го промовира новото туристичко одморалиште во Северна Кореја

Северна Кореја отвора ново туристичко одморалиште на плажа, а нејзиниот лидер, Ким Џонг-ун, се надева дека со тоа ќе го поттикне туризмот во земјата, која веќе долго време е под меѓународни санкции, јавуваат државните медиуми.

Ким присуствувал на свечената церемонија по повод завршувањето на изградбата на туристичкиот комплекс Вонсан Калма, сместен на источниот брег на земјата, во придружба на својата ќерка и сопругата.

Ова значајно одморалиште ќе биде отворено за домашни туристи на 1 јули, шест години по првично планираниот рок.


Извор: ВВС 
Фото: Screenshot/BBC
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот