X
 01.10.2019 Живот

Ова дружење истовремено е величествено и страшно

Китот-убиец, односно орката, е најголем океански делфин. Тој живее во сите океани, од ледените северни, до топлите тропски води. Тие китови се сурови грабливци. Некои се хранат со риба, а некои со морски цицачи, вклучувајќи ги и морските лавови и други китови. Тие се страшни ловци и со своите големи заби откинуваат парче месо од жртвата и го голтаат без џвакање.

Орките се хранат и со некои видови птици, од кои најпознати се пингвините. Постојат пет вида орки, а за сите велат дека се исклучително друштвени животни. Се сметаат за едни од најинтелигентните животни, а многу за нивната интелигенција и комуникација сè уште не е откриено.

Иако не се опасни за луѓето, овие китови понекогаш ги напаѓаат своите тренери во забавните паркови. Но, на таквите животни никој не би требало да им замери бидејќи се во заробеништво.

На жената од видеото во пливањето ѝ се придружија група китови, а тоа истовремено е страшно и величествено.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот