X
 01.11.2025 Наука

Печурките биле дел од раната човечка исхрана, покажува нова студија

Печурките можеби не се првата храна што ни паѓа на ум кога ја замислуваме исхраната на дивите примати - или на нашите рани предци. Склони сме да мислиме на овошјето и зелените лисја како претпочитана храна за мајмуните и човеколиките мајмуни.

Но, нова студија спроведена во Западна Танзанија истакнува изненадувачка и потенцијално клучна улога на печурките во исхраната на приматите.

Речиси две децении работата на научниците се фокусирала на тоа што значи да се биде примат од саванските шуми во Источна Африка. Далеку од нивните братучеди што живеат во шумите, овие популации се изложени на повисоки температури, како и на шумска и тревна вегетација каде што можат да најдат храна - или да бидат во опасност од предатори како диви кучиња и хиени.

Генерално, научниците биле заинтересирани за конкуренцијата меѓу видовите. На пример, како бабуните и помалите мајмуни ги избегнувале поголемите (и предаторски) шимпанза кога барале зрели плодови? Печурките може да дадат одговор на тоа прашање.

Откриле дека иако сите три вида примати што биле предмет на проучување консумирале печурки, нивната употреба и зависност се разликувале во текот на целата година. Печурките биле сезонски важни за црвеноопашестите мајмуни и шимпанзата, станувајќи резервна храна кога зрелото овошје било реткост, и покрај тоа што вкупно сочинувале само 2 % од нивната исхрана. За бабуните, печурките биле претпочитана храна, при што тие опфаќале повеќе од една десеттина од нивната исхрана. 

Истражувачите набљудувале шимпанза, жолти бабуни и црвеноопашести мајмуни - кои редовно консумираат печурки. Откриле дека консумирањето печурки не е случајно. Додека шимпанзата и црвеноопашестите мајмуни јаделе печурки претежно за време на дождовната сезона, кога достапноста достигнувала врв, бабуните консумирале печурки многу подолго, дури и кога биле релативно ретки.

Всушност, во текот на два месеца од годината печурките сочинувале над 35 % од исхраната на бабуните, што укажува дека тие се претпочитана храна, а не ги консумирале само во периоди на недостиг на овошје, како што се сугерира за шимпанзата и црвеноопашестите мајмуни.


Шимпанзата и црвеноопашестите мајмуни ги третирале печурките како сезонски додаток, вреден кога овошјето било помалку застапено. Оваа разлика покажува дека печурките играат различни улоги во оваа заедница на примати, во зависност од еколошките стратегии и динамиката на конкуренцијата.

Избегнување конфликт преку печурки

Една од најинтригантните идеи што произлегле од студијата е концептот на нишна поделба: како животните ја приспособуваат својата исхрана за да ја минимизираат конкуренцијата. Ова е добро воспоставен феномен кој може да се манифестира на различни начини, од видови птици што достигаат различни висини на крошните до месојади кои таргетираат различен плен.

Што значи ова за човештвото?

Прво, печурките можат да послужат како богат, сезонски извор на храна, дури и за големи цицачи, обезбедувајќи протеини, микронутриенти и потенцијално лековити придобивки.

Античката ДНК од неандерталски забен плак од пред околу 40.000 години открила траги од печурки - показатели дека печурките биле многу важни во праисторискиот живот.

Извор: phys.org

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука