X
 02.01.2019 Живот

Со нов дрес до нови победи

На ден 03.01.2019 годнина (четврток) во продавницата на „Д-спортска опрема“ Ракометната федерација на Македонија ќе го промовира новиот дрес за Мундијалот во Германија и Данска.

"Со нов дрес до нови победи " е мотото со кое РФМ во четврток официјално ќе го промовира новиот дрес на ракометната репрезентација. Дрес со кој нашите најдобри ракометари ќе настапат на престојниот мундијал кој ќе се одржи во јануари во Данска и Германија. На настанот ќе се обратат преставници на Ракометната фендерација на Македонија, селекторот Раул Гонзслес и капитенот на националниот тим, Кирил Лазаров. Присутни ќе бидат и репрезентативците кои на дресовите што ќе се продаваат по промотивни цени ќе ги стават своите автограми. Настанот ќе се случува во продавницата на „Д-спортска опрема“, кој е официјалниот партнер на македонската репрезентација, во склоп спортската арена "Филип Втори" со почеток во 14.00 часот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот