X
 02.03.2019 Живот

„Спејс Екс“ лансираше капсула дизајнирана за носење луѓе во вселената

Вселенската капсула „Кру Драгон“ на „Спејс Екс“ беше лансирана минатата ноќ од вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида.

Капсулата на „Спејс Екс“, во која нема екипаж и која полета сместена врз ракетата „Фалкон 9“, би требало до утре да пристигне до Меѓународната вселенска станица (ИСС).

Спојувањето со ИСС би требало да започне утре изутрина и ќе биде пренесувано во живо.

Ова е првото комерцијално изградено американско летало лансирано од американска територија. Лансирањето е спроведено во соработка со НАСА, која соработува со неколку приватни американски вселенски компании за развој на летала со екипаж.

Целта на програмата е ставање крај на зависноста на американската вселенска програма од Русија за летови на ИСС.

Успешното лансирање ќе ја стави компанијата на Илон Маск еден чекор поблиску до значаен чекор, односно „Кру Драгон“ би можело да биде првото комерцијално изградено вселенско летало кое би носело астронаути на НАСА во орбитата. Плановите се тоа да се случи во јули, кога компанијата сака да пренесе астронаути до ИСС.

„Спејс Екс“ во капсулата на ИСС превезува пробна кукла во вселенски костим на „Тесла“.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот