X
 07.06.2018 Наука

НАСА тврди: Откриени докази за постоење на живот на Марс

Со години наназад роверот на НАСА, „Кјуриосити“ собирал примероци од површината на Марс, за денес конечно научниците да објават дека на Црвената планета откриле докази за постоење на неколку органски соединенија, какви што постојат на Земјата.

Освен тоа, научниците после мерењето на нивото на метан во атмосферата на Марс, конечно потврдиле дека таму дефинитивно се случува нешто чудно.

-И двете откритија претставуваат голем продор во астробиологијата - тврди професорот Инге Лоес тен Кејт, геолог од Универзитетот во Утрехт.

mars
Фото: Kevin Gill


-Овие резултати убедливо укажуваат на долгоочекуваното откривање на органските компоненти на Марс - додава тој.

Резултатите од геолошката анализа на материјалот што „Кјуриосити“ го собрал од Марс, овозможува подлабока анализа и разбирање на органската хемија на 300 милиони години карпи од кал во два одделни делови на кратерот Гејл.

Пронајдените примероци содржеле 2- и 3-метилтиофен, метанол и диметилсулфид. Имињата на овие хемикалии не значат ништо за повеќето од вас, но геолозите сметаат дека тие претставуваат наговестување на органски хемиски состав речиси идентичен со оние на Земјата.

-Врз основа на овие сознанија, Марс ни укажува дека треба поинтезивно да продолжиме да бараме докази за живот на оваа планета - вели Томас Курбухен од Дирекцијата за научни мисии на НАСА во Вашингтон.

-Целосно сум убеден дека нашите сегашни и планирани мисии ќе донесат нови откритија на Црвената планета, што ќе го одземат здивот - заклучува тој.

Што се однесува до „мистериозниот“ метан на Марс, на тој гас му биле потребни стотици години да се разложи во присуство на УВ светлина, што на Марс не е случај. Брановите метан исчезнуваат како што се појавуваат, што укажува на тоа дека гасот некаде „тони“.

-Ова е првпат да забележиме дека процесот поврзан со метан се повторува, што ни дава трага во настојувањето да го сфатиме сето тоа - изјави лидерот на тимот на научници, Крис Вебстер, од лабораторијата на НАСА.

-Долготрајната работа на „Кјуриосити“ ни овозможи да го воочиме моделот по кој се случува „дишењето“ - заклучува тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука