X
 02.03.2020 Живот

Атракции создадени поради интересот на туристите

Што ќе се случи кога доволно голем број луѓе ќе отпатуваат некаде поради некоја туристичка атракција и кога ќе пристигнат таму ќе сфатат дека таа не постои? Тогаш луѓето едноставно ја создаваат.

Така било со славната куќа на Јулија во Верона, град за кој многумина дознале кога го читале Шекспир. Многу туристи се разочаруваат кога ќе сфатат дека Јулија не само што не живеела таму, туку и ни постоела. Властите во Верона, поради ваквите туристи, ја направиле куќата на Јулија, па тој дом, заедно со романтичниот балкон, стана една од главните атракции во градот.

Сепак, ова не е единствената атракција направена за да привлече туристи.


221Б Бејкер Стрит, Лондон

Познатата улица на Шерлок Холмс се наоѓа во близина на Риџентс парк и обожавателите на крими-приказните постојано одат да го видат „домот“ на овој британски детектив. Вестминстер подоцна на таа адреса го постави музејот на Шерлок Холмс.


Сина лагуна, Исланд

Исланд е полн со природни термални извори и базени, но Сината лагуна не е еден од нив. Имено, Сината лагуна не ја создала природата, туку човекот, и таа стана една од главните атракции за туристите што не сакаат да ја истражуваат природата во потрага по термалните води.

Различни Венеции

Со оглед на тоа дека вистинската Венеција тоне, некои луѓе помислиле дека не би било лошо да направат реплики во Лас Вегас, Дубаи или во Кина. Кинезите се особено вешти во правењето на репликите на различни градови за граѓаните да не мора да патуваат многу за да ги видат тие локации.


Парадата на Денот на мртвите, Мексико Сити

Иако Денот на мртвите е вистински празник во Латинска Америка, парадите што се случуваат тој ден не се дел од традицијата на Мексико Сити. Имено, парадата е создадена за потребите на филмот за Џејмс Бонд, „Спектар“, во 2015 година, а следната година повеќе од 200.000 посетители го посетиле Мексико Сити за да учествуваат во парадата, но сфатиле дека таа не постои. Градските власти потоа одлучиле секоја година да ја одржуваат оваа парада, на задоволство на многу туристи.

Извор: B92
Фото: B92
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот