X
 02.04.2020 Живот

А1 Македонија со нови поволности за припејд корисници

Онлајн надополнување на кредитот и неограничено сурфање на омилените социјални мрежи со А1 Go Social

Скопје, 02 април 2020г. – A1 Македонија оди чекор повеќе во понудата за припејд корисниците на мобилната телефонија, кои сега, додека се дома, можат да ја надополнат својата сметка на уште поедноставен начин, преку апликацијата Мојот А1.

Со едноставно надополнување на кредит онлајн, со кој било износ преку апликацијата Мојот А1, преку постпејд број или преку веб-страницата www.A1.mk/nadopolni-kredit или преку постпејд, A1 припејд корисниците бесплатно ќе го добијат неделниот пакет A1 Go Social со кој ќе можат неограничено да сурфаат на омилените социјални мрежи како што се Facebook, Instagram, TikTok, FB Messenger, Snapchat и WhatsApp, без да трошат дополнителен интернет.

Бесплатниот пакет A1 Go Social важи од моментот на извршеното онлајн надополнување на припејд сметката и трае во наредните 7 дена.

Доколку корисникот во промотивниот период добил бесплатен A1 Go Social пакет и притоа направи ново онлајн надополнување пред целосно да го искористи постоечкиот пакет во рок од 7 дена, ќе му биде доделен нов бесплатен А1 Go Social пакет со важност во наредните 7 дена.

Со оваа понуда, А1 Македонија ја потврдува својата заложба за креирање понуди прилагодени за потребите на секој корисник, овозможувајќи најдобра вредност, врвно корисничко искуство, неограничена комуникација и многу забава, сега кога е најважно да останеме дома за да го заштитиме нашето здравје.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.



(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот