Главниот град на Холандија сега им порачува на посетителите да одат на други места. Што се случи? Зошто Амстердам им го сврте грбот на туристите кои на холандската економија ѝ носат околу 82 милијарди евра годишно?
Амстердам, град познат по толеранцијата, тесните куќи и широките канали, радикално го менува својот став кон туристите.
Причината е многу едноставна - граѓаните на Амстердам се плашат дека нивниот град ќе се претвори во Венеција.
Фрустрираните амстердамци веќе некое време се жалат на преголемиот број туристи и се плашат дека може да ја уништи душата на овој енергичен космополитски град.
Фото: Shutterstock
- Под голем притисок сме. Не сакаме да се претвориме во Венеција. Туристите премногу го сакаат нашиот град и премногу нè посетуваат - вели архитектот Елен ван Лун.
Иако Ван Лун ги признава позитивните аспекти на туризмот, ги сфаќа и жителите, кои се плашат дека ќе го изгубат автохтоното чувство на својот град.
За Амстердам се предвидува зголемување на десетгодишниот пораст на бројот на посетители од 18 милиони во 2018 на 42 милиони во 2030 година, што е 50 пати повеќе од сегашниот број на постојани жители.
Поради тоа, холандските власти неодамна храбро одлучија да престанат да ја рекламираат својата земја како туристичка дестинација. Исто така, спровеле и одредби со намера да ги одвратат туристите, ограничувајќи им ги местата за забава и сместување. Освен тоа, најавија и нови даноци за туристичко ноќевање, а новите приходи од туризмот ќе бидат насочени кон одржување на градот.
Амстердам веќе наплатува 7 отсто од даноците на хотелските сметки, а властите од средината на мај објавија и нов данок според кој гостите во хотелите ќе треба да ѝ платат дополнителни 3 евра на општината.