X
 03.07.2016 Култура

Причини зошто треба да го посетите Уругвај

Кога последен пат сте слушнале некој да зборува за посета на Уругвај? Веројатно никогаш, бидејќи оваа мала јужноамериканска земја долго време е игнорирана од туристите поради поголемите и попознати соседи како Аргентина и Бразил.

 

уругвај


Иако Уругвај не важи за некоја голема туристичка атракција, дефинитивно заслужува да биде вашата следна туристичка дестинација. Ова се неколку причини зошто:

1. Безбедноста

Уругвај е Швајцарија на Јужна Америка. Оваа земја се смета за најбезбедна во регионот. Туристите без да се грижат можат да одат на фудбалски натпревар сами - нешто што е речиси незамисливо во Аргентина.

Се разбира, крадци постојат насекаде но сериозните кривични дела во Уругвај се ретки, особено во однос на туристите.

2. Градовите

 

2


Главниот град, Монтевидео е чист, безбеден и убав со доволно импресивна архитектура, музеи, одлични ресторани и барови кои знаат да донесат забава за туристите. Прогласен е за градот најповолен за живеење во Јужна Америка и со популација од 1.3 милиони во него нема хаос каков што можете да најдете во Буенос Аирес и Рио де Жанеиро.

Историскиот град Колонија дел Сакраменто исто така вреди да се посети. Со калдрмести улици, убави колонијални згради и старомодни автомобили во стариот град, скоро секој агол е вреден за посета и внимание.

 

3


3. Плажите


Пунта дел Диабло, Пунта дел Есте, Ла Палома и Малдонадо се најголемите градови со плажи меѓутоа целиот источен брег на Уругвај нуди бескрајни дестинации со плажи.

4. Селата

 

4


Кравите се побројни од луѓето (3:1) и не е изненадување што „гаучо“ (каубојската) култура се огромни во Уругвај. Ако сакате да доживеете авантура, можете да резервирате престој во ранч каде можете да научите да јавате и да помагате околу работата со стоката.

5. Храната

 

5


Упатете се до Меркадо дел Пуерто во Монтевидео за оброк кој ќе го помните цел живот. Тука ќе пронајдете голем број на ресторани кои служат вкусни асадо (месо на скара), чоризо колбас на скара и проволоне сирење.

Уругвај изобилува и со италијанска кујна - познат е по неговата верзија на гночи, кој традиционално се сервира на 29-ти секој месец.

6. Прогресивниот животен стил


Марихуаната е легална. Абортусот е легален. Истополовите бракови се легални. Поголемиот дел од електричната енергија во земјата доаѓа од обновливи извори, и Уругвај важи за една од најмалку религиозните нации во Латинска Америка.

 

6


Во споредба со неговите конзервативни соседи, Уругвај е прогресивна оаза на континентот.

7. Луѓето

Уругвајците се познати по нивниот пријателски и лежерен однос, и тие сакаат да објаснуваат колку се поразлични од нивните соседи. Најдобро од се', скоро секој жител сака фудбал, пиво, вино и скара.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура