Едно кинеско јадење ги полудува социјалните мрежи во последните неколку недели. Станува збор за пржени камчиња. Да, добро прочитавте.
Јадењето се нарекува суодиу, а според легендите, потекнува од провинцијата Хубеи. Легендата вели дека за време на долгите патувања по реката Јангцекјанг, екипажот на бродовите се соочил со недостиг на месо и зеленчук, па почнал да ги шмука минералите од камчињата од реката.
Кога ќе го нарачате ова јадење во Кина, се добиваат инструкции како да ги шмукате камењата и потоа да ги исплукате. Врелите камчиња се преливаат со масло од чили, се попрскуваат со сос од лук, а потоа се пропржуваат со мешавина од пиперка и лук исечкан на коцки.
Некои тврдат дека камењата имаат природна арома на риба која се засилува со пржење на висока температура. Камењата со вкус се служат во кутии со големина на дланка, а секоја порција чини околу две евра. Камчињата може да се задржат по „јадењето“.
Извор:
Green
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)