X
 02.07.2025 Живот

Германски стартап сака да го подобри искуството при патување со воз во Европа

Наместо да се „гужвате“ во неудобни мали нискобуџетни авиони и да патувате низ Европа, зошто да не се сместите удобно во кабина на ноќен воз и да пристигнете на вашата дестинација одморени и освежени? Тоа е прашањето што германскиот стартап „Нокс Мобилити“ им го поставува на своите потенцијални клиенти, кој овој месец ја претстави својата услуга и визија за развој во следните десет години.

Тие ќе воведат, велат, удобни и луксузни ноќни возови што ќе ја поврзат речиси цела Европа, во кои патниците ќе бидат сместени исклучиво во приватни кабини и тоа по цена споредлива со лет на една од европските рути. За разлика од сегашните нефлексибилни и лошо организирани железнички превозници низ Европа, „Нокс“ ќе се фокусира исклучиво на ноќните возови и искуството на патниците.

 

Кабините ќе бидат пространи, приватни и удобни, со единечни или двојни кревети, а билетите ќе се продаваат по фиксни цени. Барем на почетокот ќе чинат 79 евра за единечен кревет и 149 евра за двоен кревет. Првично, „Нокс“ ќе поврзува околу десетина дестинации. Првите стандардизирани возови ќе почнат да сообраќаат на овие линии од 2027 година, а до 2036 година ќе бидат понудени околу 100 линии, најавуваат основачите, кои го опишуваат својот стартап како „позелена алтернатива на воздушниот сообраќај“.

Тие моментално работат на обезбедување доволно капитал, па затоа ќе го започнат првиот круг на финансирање подоцна оваа година, а потоа ќе мора да обезбедат регулаторни одобренија за планираниот дизајн на кабината и да ги прескокнат другите бирократски пречки, пред да можат да почнат да сообраќаат на линии низ Европа, од Стокхолм до Рим и Барселона.

Извор: bug.hr

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот