X
 02.08.2022 Технологија

Материјал пронајден во стар метеорит може да направи револуција во технологијата

Научниците откриле фасцинантна мала структура која не била набљудувана никогаш досега додека анализирале дијаманти во внатрешноста на стар метероит. Според истражувачите, структурата, која е нешто помеѓу графит и дијамант, има специјални карактеристики кои еден ден би можеле да се користат за побрзо полнење на нови електронски уреди.

Материјалот откриен во метеоритот би можел да се користи за производство на попрецизни медицински третмани, помали електронски уреди со брзо полнење или побрза и пофлексибилна технологија. Овој материјал е лесен како пердув, но силен како дијамант. Тој е проѕирен и високо спроводлив, a e еден милион пати потенок од човечкото влакно.

Метеоритот, познат како метеорит од кањон Дјабло, во кој бил откриен елементот, паднал на Земјата пред околу 50.000 години. Тој бил откриен во Аризона, САД во 1891 година. Се смета дека необичните дијамантски структури се формирале при паѓањето на Земјата.

Она што е интересно со дијамантите во метеоритот е тоа што тие имаат хексагонална кристална структура и се познати како лонсдаелити. Овие видови кристали може да се формираат само во услови со екстремно високи притисок и температури.

Научниците успеале да создадат вакви кристали во лабораторија, но во реални услови, тие се создаваат само кога астероидите удираат во Земјата со екстремно голема брзина.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија