X
 02.09.2018 Образование

Првиот училишен ден ширум светот

Иако датумот на кој учениците ширум светот тргнуваат на училиште е различен во зависност од земјата, тоа е голем ден за сите ученици, без разлика од каде доаѓаат. Овој ден обично е исполнет со возбуда или можеби страв и непријатни чувства кај оние кои не сакаат распустот да заврши.

Погледнете како изгледа првиот училишен ден во неколку земји ширум светот.

На оваа фотографија може да се видат ученици од Белорусија кои настапуваат на настан организиран за првиот училишен ден во градот Минск.

Фото: Business Insider

Ова се дечиња од Франција, кои влегуваат во нивното основно училиште во близина на Париз.

Фото: Business Insider

Малите Палестинчиња од Појасот Газа седат во училница на првиот училишен ден во нивното училиште во градот Газа.

Фото: Business Insider

Дечиња од Индонезија чекаат воз за да си одат дома по првиот ден поминат во забавиште во Џакарта.

Фото: Business Insider

Мали Јапончиња седат во училница во училиште во Фукушима.

Фото: Business Insider

Наставничка од Либија им зборува на учениците на првиот ден од новата училишна година во Триполи.

Фото: Business Insider

Ученичка ја потпира главата на клупата на првиот училишен ден во Куала Лумпур, Малезија.

Фото: Business Insider

Ученици чекаат во ред за да влезат во нивната училница на првиот училишен ден во училиште во Манагва, Никарагва.

Фото: Business Insider

Филипините: Учениците се постројуваат за време на првиот училишен ден пред училиште во предградие северно од Манила.

Фото: Business Insider

Овој сириски ученик разгледува книга во неговото училиште во предградие на Дамаск.

Фото: Business Insider

Украински првачиња учествуваат во церемонија за обележување на почетокот на уште една учебна година во Киев.

Фото: Business Insider

САД: Учениците се враќаат на настава во едно средно училиште во Њујорк.

Фото: Business Insider
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование