Бадминтонот ненамерно доби нов статус во Хонгконг благодарение на Бирото за образование.
Дел од наставниот материјал, објавен минатата недела, е модул насловен „Адолесценти и интимни односи - 3. година гимназија“, кој сугерира дека оние тинејџери што сакаат да имаат секс, треба да се насочат на бадминтон.
Материјалот вклучува и формулар „Се обврзувам“ со цел младите заљубени да потврдат дека ќе имаат „самодисциплина, самоконтрола и отпор кон порнографијата“.
Документот наиде на критики, но официјалните лица ја бранат одлуката.
Фото: Hong Kong Education Bureau
Некои луѓе ја гледаат практичната страна на целата ситуација. Пратеничката Дорин Конг смета дека со овој документ Бирото за образование едноставно не ги разбира младите. Според неа, предлогот за бадминтон е нереален.
- Како да позајмат рекет за бадминтон на самото место ако се случи тоа - прашува таа.
Томас Танг, играч-аматер на овој спорт, вели дека шегите и ненадејниот интерес за бадминтон предизвикале потсмев на сметка на играчите како него.
- Порано ова беше здрав спорт, но сега ако ги замолите луѓето да играат, тие од тоа прават шега - изјави тој, додавајќи дека иронијата е што бадминтонот е всушност добар начин за момчињата да запознаат девојки.
Една од целите на модулот е да им помогне на средношколците да се справат со сексуалните фантазии и импулси, но не и да ги поттикне да се забавуваат или да имаат секс.
Во документите на Институтот за образование има и совети како да се облекуваат пристојно, како да избегнуваат провокативна облека и како решително да одбијат секс пред брак доколку не можат да се справат со последиците од предбрачниот секс.
- Сакаме да ги заштитиме тинејџерите - изјави Кристин Чои, секретарка за образование, остро одговарајќи на критиките и додавајќи дека сексот со малолетник е незаконски.
Таа беше поддржана од градоначалникот Џон Ли, кој рече дека иако има разлики во мислењата за образованието, владата има водечка улога во одредувањето на видот на општеството какво што сака да го изгради.
Извор:
ВВС
Фото: Freepik